Во текот на 2013-та година Комисијата со поддршка на мисијата на ОБСЕ, го зајакна локалниот одговор на трговијата со луѓе преку формирање две локални комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Општините Тетово и Битола.
Во 2014-та година дополнително го зајакна локалниот одговор на трговијата со луѓе со формирање и градење капацитети на локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со формирање на третата Локална Комисија во Општина Штип.
Поради ескалирње на напливот на мигранти кои движеа низ територијата на Северна Македонија, во 2016-та година Националната Комисија ја согледа потребата од дополнително формирање на две Локални Комисии во Општините Гевгелија и Велес. Додека во 2019 беше формирана и Локална Комисија во Куманово.
- ЛК Битола – Општина Битола
- ЛК Штип – Општина Штип
- ЛК Прилеп – Општина Прилеп
- ЛК Гевгелија – Општина Гевгелија
- ЛК Велес – Општина Велес
- ЛК Куманово – Општина Куманово