На 30 март 2022 година се одржа конференција насловена „Проценка на ризиците и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“.
Конференцијата беше отворена од страна на г. Валијант Ричи · Специјален претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ, г-ѓа Јована Тренчевска · Министерка за труд и социјална политика, Амбасадорот Клеменс Која · Шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, и г-ѓа Магдалена Несторовска · Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална мигтација.
Настанот беше во организација на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во соработка со Канцеларијата на Специјалниот претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ и поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а целта е да се соберат сите релевантни чинители со кои ќе се споделат искуства и поразговара на темата превенција и борба против трговијата со луѓе во синџирите на снабдување.
На овој настан присуствуваа претставници на повеќе министерства, претставници на Обвинителство и Судовите, националните професионални деловни асоцијации и приватни претпријатија, граѓанските организации, претставници на меѓународната заедница и други приватни и јавни чинители релевантни за сузбивање на трговијата со луѓе со цел спречување на трудовата експлоатација со цел трговија со луѓе во синџирите на снабдување.