Конференција на 19-та Алијанса за борба против трговија со луѓе на тема “Употреба на технологијата во борба против трговија со луѓе“.

Делегација предводена од државниот секретар на МВР, м-р Магдалена Несторовска, во својство на Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на 08 и 09 Април 2019 година во Виена, Австрија учествуваше на Конференцијата на 19-та Алијанса за борба против трговија со луѓе на тема “Употреба на технологијата во борба против трговија со луѓе“.

Наведената Конференција беше организирана од страна на Канцеларијата на Специјалниот претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе и на неа присуствуваа претставници од 57 држави од регионот на ОБСЕ, како и голем број на невладини организации. На наведената конференција се разменија искуства за  препознавање како технологијата се користи од страна на криминалците за регрутирање на жртви на трговија со луѓе, но истовремено се дефинираа и препораки како технологијата може да биде значајна алатка за спречување на трговијата со луѓе, а особено во однос на идентификацијата на жртвите и спроведувањето на истрагите против сторителите на овие дела.На конференцијата исто така учествуваше и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ на Република Северна Македонија, Н.Е. Игор Џундев.

На маргините на наведената конференција Г-ѓа Несторовска оствари средба со националните координатори за борба против трговија со луѓе од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија на која се разменија искуства за преземените активности и предизвиците со кои се соочуваат земјите во справувањето со трговијата со луѓе. Истовремено, изразувајќи подготвеност за продлабочување на регионалната соработката во справувањето со трговијата со луѓе, од страна на националните координатори беа разгледани можностите за идните заеднички активности.