На 29ти февруари 2024 година се одржа Конститутивна седница на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
Министерот за правда Кренар Лога им посака успешна работа на членовите на новоформирарната Комисија за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.
Оваа комисија беше формирана врз основа на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. Ќе функционира како независно тело и ќе има својство на правно лице.
Со формирањето на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство ќе се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно начелото на општествена солидарност, со што ќе се спречи можна примарна и секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи во правниот систем и општествениот живот.
Комисијата е составена од пет члена, кои ги избра Владата на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, без право на повторен избор.