За Националниот Известувач

Националниот известувач во РСМ е воспоставен по предлог на Националната комисија во 2009 година. За да се овозможи независна функција на националниот известувач согласно со препораките на Експертска група за акција против трговија со луѓе од Советот на Европа – ГРЕТА, Владата на Северна Македонија со Одлука донесена на 1 декември 2019 година за национален известувач именува претставник од Канцеларијата на народниот правобранител на РСМ. Според својот мандат, националниот известувач е одговорен да врши: надгледување на севкупните активности за борба против трговијата со луѓе, собирање и анализа на податоци од релевантни партнери, следење и оценување на спроведувањето на Националниот акциски план, носење заклучоци и давање препораки за подобрување и усовршување на борбата против трговијата со луѓе во однос на спроведувањето закони, политики за подобар институционален одговор и препораки за ревизија на стратегиските цели и изработка на годишен извештај.