Европски ден за борба против трговија со луѓе

По повод одблежувањето на 18-ти октомври Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Националниот координатор и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи г-ѓа Магдалена Несторовска го најавипочетокот на Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија, која ќе се спроведува за време на Модниот викенд во Скопје. #Stopthetraffik. На прес-конференцијата присуствуваа и г-ѓа Елена Грозданова, член на Националната комисија и Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, Света Богова Јовановска и Марија Илиќ,организатори на Модниот викенд Скопје.

„Кампањата ја посветуваме на трговијата со луѓе за цели на трудова експлоатација, која е резултат на економската криза, намалувањето на можностите за вработување и дополнителниот развој на сивата економија, која како нова област е предизвик и  интерес на државата. Во таа насока, и денешниот настан е најава за започнување на превентивна кампања која е наменета за работниците во текстилната и модната индустрија, со цел да се спречи нивно искористување како работна сила, спротивно на нивната волја, под закана и казна, да се остваруваат цели со огромен профит. Кампањата е насочена и кон превенција, на ризичната  категорија граѓани, со цел да ја подигнеме нивната свест и знаење, но и на надлежните институции, заради поефикасна идентификација, упатување, заштита на жртвите и кривичен прогон на сторителите“, истакна националниот координатор Несторовска.

Во рамки на одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Националната комисијаза борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ) организирашеитркалезна масана тема„Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици“, која ја отвори националниот координатор Магдалена Несторовска и Соња Божиновска Петрушевска, Шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје. На тркалезната маса покрај претставници од надлежните институции присуствуваа и претставници од меѓународните и невладините организации чиј делокруг на работа ја вклучува борбата против трговија со луѓе.