Донација на компјутерска опрема наменета за борбата против трговијата со луѓе

Денес Националната Координаторка м-р Магдалена Несторовска ја прими донацијата која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“ кој Гермаснкото друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го спроверува заедно со стратешкиот партнер МАРРИ.

Донацијата содржи видео конференциска веб камера, лаптопи, компјутерска опрема камери и слушалки кои ќе бидат наменети за членовите на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција како и за членовите на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и мобилните тимови.

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција изразува благодарност до ГИЗ за целокупната поддршка која ја обезбедува како одговор на ситуацијата со КОВИД-19.