Во периодот од 26-ти до 28-ми јуни делегација предводена од м-р Магдалена Несторовска одржа работни состаноци со делегација на Република Бугарија предводена од проф. Николај Проданов

Во периодот од 26-ти до 28-ми јуни 2019 година, во Скопје, Република Северна Македонија, делегација предводена од м-р Магдалена Несторовска – Државен секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција одржа работни состаноци со делегација на Република Бугарија предводена од проф. Николај Проданов, Заменик министер за правда и Заменик претседател на Националната комисија за борба против трговија со луѓе.

На работните состаноци делегациите го усогласуваа и постигнаа согласност за нацрт текстот на Протоколот помеѓу Владите на двете држави за соработка во областа на борбата против троговијата со луѓе, а меѓу другото, се разговараше и за неговото потпишување во најскоро време.

Средбите беа искористени и за размена на искуства и унапредување на соработката меѓу двете национални комисии за борба против трговија со луѓе, како и меѓу двете министерства за внатрешни работи.