За Националниот Известувач

Во Република Македонија, Национален Известувач за трговија со луѓе е востановен по предлог на Националната комисија, а назначен е од страна на Владата на РМ во 2015 година. Според својот мандат, националниот известувач е одговорен да врши: надгледување на севкупните активности за борба против трговија со луѓе, собирање и анализа на податоци од релевантни партнери, мониторинг и евалуација на спроведување на НАП, носење заклучоци и давање препораки за подобрување и усовршување на борбата против трговија со луѓе во однос на спроведување на закони, политики за подобар институционален одговор и препораки за ревизија на стратешките цели и изработка на годишен извештај. Секоја година, Националниот известувач поднесува соодветен извештај.